Без струја денеска повеќе делови од Скопје

|

Од „ЕВН Македонија“ АД информираат дека денеска без електрична енергија ќе останат:

– во периодот од 8 до 14 часот дел од корисниците од улицата Малешевска – лоцирани спроти основното училиште (општина Кисела Вода);

– во периодот од 8.30 до 12 часот корисниците од улицата 1 на потегот од маркет „Рејсер“ до вториот влез на селото Батинци (општина Студеничани);

– во периодот од 8.30 до 15 часот корисниците од улицата Пандил Шишков бр. 10 и бр. 22 (општина Аеродром);

– во периодот од 12 до 16 часот корисниците лоцирани во кругот на фабриката „Стаклара“ на булеварот Борис Трајковски (општина Кисела Вода).