Џони Деп пред судот изјави дека никогаш не удрил жена

ИЗВОРНов Лист
|

Ѕвездата на „Пиратите од Карибите“ Американскиот актер Џони Деп негираше дека некогаш удрил жена додека сведочеше пред судот во Вирџинија во вторникот во случајот за клевета против неговата поранешна сопруга, актерката Амбер Херд.

Во тричасовното сведочење пред судот, кое ќе продолжи денеска, актерот зборуваше за обвинувањата на Амбер Херд.

„Мојата цел е вистината“, рече Деп на почетокот на своето сведочење.

„Имаше кавги и работи од таква природа, но никогаш во животот не сум стигнал до точка да ја удрaм Амбер. Ниту сум удрил жена во мојот живот“, изјави Деп.

Актерот исто така рече дека „одвратните и вознемирувачки“ обвинувања за физичко малтретирање што Херд ги упати против него „не се засновани на никаква вистина“ .

Еден од адвокатите на Деп го прашал зошто поднел тужба за клевета против неговата поранешна сопруга.

„Почувствував одговорност да застанам во одбрана, не само за себе, туку и за моите деца. Сакав да ги заштитам моите деца од сите ужасни работи што мораа да ги прочитаат за нивниот татко, а тие се невистинити. Необично е кога, фигуративно кажано, еден ден си Пепелашка, а потоа за 0,6 секунди ќе станеш Квазимодо“, одговори Деп.

Судењето започна минатата недела, а ова е прва можност за Деп јавно да проговори за случајот.