Ураганката се преселила кај политичар по 3 месеци врска: Стигнаа детали од врската

ИЗВОРНов Лист
|

Ивана го прослави својот 27 роденден и сите зборуваат за нејзината наводна врска со политичар.

Ивана Николиќ, членка на групата „Ураган“ наводно се вселила кај политичарот Андреј Бајец со кој е во врска неколку месеци. Имено, како што тврди изворот, идејата за нивниот заеднички живот била токму на Андреј, но Ивана не можела да остане имуна, па ја прифатила со раширени раце, иако нивната врска трае само неколку месеци.

– Нивната врска започна на денот кога се запознаа. Тие кликнаа на прв поглед и не се разделија од тој ден. Тие се договориле врската да остане во строга тајна, но со текот на времето им станало многу тешко да бидат на тајни локации, криејќи го секој нивен потег и скратувајќи го времето што ќе го поминат заедно. По три месеци љубов, Андреј и предложил на Ивана да се пресели кај него. Иако не очекувала таква понуда, таа без размислување прифатила – изјавил извор.

Тој тврди дека врската меѓу младенците е уште посилна откако почнале да живеат заедно.