Пронајдена е куќата во која израснал Исус: Еве како изгледа денес (ФОТО)

|

Археолозите кои работат во Назарет, градот во кој е роден Исус, во денешен Израел, пред неколку години идентификувале куќа која датира од првиот век и за која се верува дека е местото каде што е роден Исус.

Куќата делумно е направена од камен, а првично ја откриле калуѓерките од манастирот „Сестрите од Назарет“ уште во 1880. година, пренесува „NBC”.

Меѓутоа, професорот Кен Дарк од Универзитетот во Рединг утврдил дека куќата потекнува од првиот век и оти мештаните со векови верувале дека ова е местото каде Исус израснал.

Не е сосема сигурно дали навистина живеел во таа куќа, но Дарк смета дека постои голема веројатност за тоа.

Се верува дека Исус израснал во Назарет, а векови после неговото заминување, за време на Византиското царство (под чија власт Назарет бил до 7. век) куќата била украсена со мозаици и служела како црква.

Крстоносците во 12. век ја обновиле црквата и со тоа приложиле уште еден доказ дека тие и Византиците знаеле чиј дом е тоа.