Библијата вели дека таму израснал Исус: Како денес изгледа Назарет? (ГАЛЕРИЈА)

|

Евангелијата тврдат дека Исус посетил многу места низ денешните Израел, Палестина, Египет и Либан. Но, како можеме да кажеме што навистина се случило, а што е легенда?

За да ја дознаат вистината, археолозите спровеле ископувања на многу области во близина на местата спомнати во Библијата. Нивните откритија даваат вредни информации за тоа како изгледале овие населби во античко време и дали Исус навистина можел да ги посети. Едно од местата на интерес на научниците е Назарет, местото каде што, според Библијата, Исус пораснал.

Евангелијата велат дека Исус, иако е роден во Витлеем, поголемиот дел од својот ран живот го поминал во Назарет, во денешен Северен Израел. Неодамнешните археолошки истражувања откриваат дека во текот на I век од нашата ера, Назарет била еврејска населба чии жители се чини дека ја отфрлиле римската култура.

Археолошките ископувања открија и дека со векови по заминувањето на Исус, луѓето ја посетувале куќата во Назарет во која верувале дека тој пораснал. Владетелите на Византиската империја (кои го контролирале Назарет до VII век од нашата ера) ја украсиле куќата со мозаици и над неа ја изградиле црквата на Воскресението на Исус, за заштита.

Испитувањето на артефактите пронајдени во куќата покажува дека таа била во употреба во I век од нашата ера, во времето кога живеел Исус. Сепак, научниците не можат со сигурност да кажат дали тоа е навистина неговата куќа. Оттогаш, археолозите пронајдоа уште две куќи од истиот период во Назарет.

с

Денес, Назарет е град со најголема заедница на израелски Арапи од кои дури 31% се христијани. Во стариот дел на градот има тесни улички со арапска чаршија. Делот од градот кој е основан во 1957 година, Натзерат Илит, бил населен со доселеници од Советскиот Сојуз, а денес го носи името Ноф ХаГалил (или во превод Поглед на Галилеја). Назарет е збратимен град со Фиренца.

Назарет е многу стара и древна населба. Неговото формирање се проценува некаде околу 2.200 година пред новата ера, кога бил многу мала населба. Во големина на град пораснал во 300 година од новата ера. Сѐ на сѐ, значи дека е стар над 4 милениуми.

Извор: Кајгана