Период на Биковите: Што им носи на хороскопските знаци?

|

Ако сезоната на Овните ни донесе акција и посветеност на целите, сезоната на Биковите ни носи одмор и релаксација.

Таа почнува на 20 април, а трае до 20 мај. Овој период ни носи релаксација и спокој, но и посветеност на некои материјални нешта кои нè прават среќни. Време е да се посветиме на себеси.

Сезоната на Биковите ќе ни донесе мотивација и посветеност, но и трпеливост во исполнувањето на целите. Веќе нема да бидеме толку брзи и нетрпеливи како во периодот на владеење на Овните, туку трпеливо ќе се бориме за успехот, истовремено уживајќи во малите нешта кои ни ги носи животот. Во текот на овој период многу врати ќе се отвораат и затвораат, а на крајот на месецот ни доаѓа и младата Месечина во Бик која ни носи слатки подароци од универзумот.

Овој период носи најубава енергија и самодоверба за Биковите, кои ќе се чувствуваат полетно и ќе уживаат да минуваат време покрај луѓето кои им даваат убава енергија. Освен тоа, другите земјени знаци (Девица и Бик) ќе се стават себеси на прво место, ќе уживаат во животот и ќе најдат баланс меѓу личниот и професионалниот живот. Слично ќе биде и за водените знаци (Риби, Рак и Шкорпија) кои ќе уживаат во друштвото и забавата и поврзувањето со оние кои им значат. Воздушните знаци (Вага, Близнаци и Водолија) ќе треба да успорат, да се одморат и да се посветат на малите задоволства. Размислете два пати пред да кажете нешто и осигурете се дека не скокате во никакви ризици. Ова е период кој ги става вашите чувства на прво место.

Огнените знаци ќе се фокусираат на можноста да излезат од својата пријатна зона, на сите полиња.