Знаете ли зошто си подаруваме јајца за Велигден?

|

Православните христијани вече втор ден го прославаат најрадосниот христијански празник – Велигден, празникот на Христовото Воскресение. Со отворени срца, смиреност и радост, верниците гo прославуваат враќањето на Исус Христос од мр* вите и победата над см* тта, поздравувајќи се со зборовите „Христос Воскресе – Вистина Воскресе!“.

Јајцето е најпопуларниот симбол на најсветлиот христијански празник. Традиционално пред Велигден во секој дом се вапсуваат јајца кои го симболизираат воск реснувањето и почетокот на нов живот. Тоа е еден од најубавите и највеселите православни обичаи кој се негува до ден денес.

Подарувањето јајца потекнува од библиски настан. Се смета дека по см*тта на Исус, Марија Магдалена тргнала во Рим за да го проповеда евангелието. Кога се сретнала со римскиот император Тибериј, таа му подарила јајце и го поздравила со зборовите „Христос воскресна“.

Додека му раскажувала за Христовото Воскресение, императорот се насмеал и рекол дека враќањето на Исус од мр* вите е исто толку невозможно колку и белото јајце во нејзината рака да се претвори во црвено. Пред да заврши со говорот, јајцето во раката на Марија Магдалена се обоило во светлоцрвена боја.

Оттаму потекнува традицијата христијаните да си подаруваат велигденски јајца пред да се поздрават со зборовите „Христос воскресна“.