|
Ви предлагаме уште една интересна и едноставна техника за бојадисување јајца.
СОСТОЈКИ: боја за јајца, малку оцет, бели јајца , алуминиумска фолија.
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА: Подгответе во сад боја за јајца, па замотајте ги јајцата во фолија и потопете во боја на десетина минути, заедно со фолијата. Кога ќе ги извадите тие ќе бидат едноставни, со необични шари кои останале од изгужваната фолија.