Три начини како да ги исчистите рацете по боењето на велигденските јајца

|

Домаќинките кои оваа година решија да ја наполнат велигденската кошничка со шарени јајца – ја знаат маката која останува потоа.

Шарените и обоени прсти не се најпријатна глетка ден, два, по велигденското вапцање.

Затоа, ви помагаме со 3 брзи и лесни начини како да ја исчистите кожата од велигденските бои:

Прв начин – со оцет
Ставете малку оцет на кожата и тријте со мека четкичка. Исто така, може да ставите оцет на мека ткаенина и добро да ги истриете обоените делови на кожата, но никако цели раце.

Втор начин – со лимон
Пресечете го лимонот на половина, исцедете го, а на внатрешноста која преостанала истурете малку сол. Потоа тријте ја кожата на местата каде што е обоена.

Трет начин – со сода бикарбона
Потопете ги рацете во топла вода. Истурете една до две лажички сода на местата каде останала бојата и тријте со мека четка.

За кој начин и да се одлучите, предлагаме потоа да ја нахраните кожата со крема, неколкупати во текот на денот.