Стабилно време со сончеви периоди – Во некои предели температурата ќе се искачи дури до 30 степени

ИЗВОРНов Лист
|

За време на викендот ќе имаме постабилно време со повеќе сончеви периоди, додека во почетокот од следната недела во претпладневните часови ќе биде стабилно, суво и претежно сончево со умерена локална облачност, додека во попладневните ќе има услови за локална нестабилност проследена со краткотраен пороен дожд и грмежи.

Што се однесува до температурите, тие и понатаму ќе бележат тенденција на секојдневен пораст, а особено топло ќе биде за велигден кога максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 28 степени, додека во најтоплите предели истите се очекува да се искачат дури до околу 30 степени.