Правила за постот – Што смее да се јаде и кога

ИЗВОРНов Лист
|

Постот е востановен од Бога со заповедта дадена на првите луѓе во земниот Рај – да не јадат од дрвото за познавање на доброто и злото (1. Мој. 2, 17). Преку неа Бог сакал уште на самиот почеток да ги научи луѓето на послушание и воздржување. И нашиот Спасител, Господ Исус Христос, пред да започне со Своето искупително и спасително дело за човечкиот род, постел 40 дена (Мт. 4, 2), сакајќи со тоа да им остави поука и на Неговите следбеници да постат. Следејќи го примерот на Господ Исус Христос, светата Православна
Црква уште од апостолско време одредила за своите верници пост, го определила времето на постот и која храна да ја јадат христијаните за време на постот. Во поглед на времето и бројот на постите, светата Црква утврдила да се пости во среда, петок и во четирите големи пости: Велигденскиот (Великиот) или Четириесетница, Петровденскиот, Богородичниот и Божикниот пост. Освен овие пости, светите отци на нашата Црква востановиле да се пости и на Водокрст (денот пред Богојавление) (5/18 јануари), на денот на Усекновението на чесната глава на св. Јован Крстител (29 август/11 септември) и на празникот Воздвижение на Чесниот Крст – Крстовден (14/27 септември). Во среда и петок се блажи само во т.н. редовни седмици: од Божик до Водокрст, седмицата на митарот и фарисејот, сирната седмица (седмицата пред почетокот на светата Четириесетница), светлата седмица (првата седмица по Пасха) и духовденската седмица.

Велигденски (Велики) пост:

Светата Четириесетница е востановена во чест на спасителните страд*ња и Воскресението на Господа Исуса Христа. Според Типикот на Православната Црква се пости вака: за цело време на постот во сабота и недела е дозволена употреба на масло. Во останатите денови од седмицата (од понеделник до петок) не се употребува масло. Риба се употребува само на Благовештение и Врбица (Цветници). Ако Благовештение падне пред Врбица (Цветници), тогаш на денот после Благовештение се разрешува масло и вино