3 салати со варени јајца совршени за деновите по Велигден

ИЗВОРНов Лист
|

1. Салата со јајца, сланина и сирење
Потребни состојки за 4 лица: 3 лажици густо кисело млеко или павлака, 3 лажици нискомаслен мајонез 1/4 лажичка лук во прав 1/4 лажичка црн пипер, 1/8 лажичка сол 8 варени јајца едно презреано авокадо, исечкано на коцки, 2 парчиња сланина, испржени и ситно исечкани 30 грама сирење

Начин на подготовка:
Во сад измешајте ги киселото млеко, мајонезот, лукот во прав, црниот пипер и солта. Јајцата исечете ги на половини и одвојте ги жолчките од белките. Потоа додајте ги во садот со другите состојки и пасирајте додека ја добиете смесата која ја посакувате. Полека додајте ги и авокадото, сланината и сирењето додека пасирате.

2. Слатка салата со јајца
Потребни состојки за 4 лица:
3 лажици густо кисело млеко или павлака, 3 лажици нискомаслен мајонез, 2 лажици сенф, 1/4 лажичка црн пипер, 1/8 лажичка сол, 8 варени јајца
120 грама сечкан целер, 40 грама сечкани кисели краставички, 3 лажици ситно сечкан сладок кромид

Начин на подготовка:
Во сад измешајте ги киселото млеко, мајонезот, солта и црниот пипер. Јајцата исечете ги на половини и одвојте ги жолчките од белките. Потоа додајте ги во садот со другите состојки и пасирајте додека ја добиете смесата која ја посакувате. Потоа додајте ги и целерот, слаткиот кромид и киселите краставички.

3. Салата со јајца и зеленчук
Потребни состојки за 4 лица:
3 лажици густо кисело млеко или павлака, 3 лажици нискомаслен мајонез, 1/4 лажичка црн пипер, 1/8 лажичка сол, 8 варени јајца, 25 грама ситно сечкан морков, 75 грама ситно сечкана краставица, 25 грама ситно сечкан млад кромид

Начин на подготовка:
Во сад измешајте ги киселото млеко, мајонезот, солта и црниот пипер. Јајцата исечете ги на половини и одвојте ги жолчките од белките. Потоа додајте ги во садот со другите состојки и пасирајте додека ја добиете смесата која ја посакувате. Додајте ги и морковите, младиот кромид и краставицата.