Како што најавивме, во текот на утрешниот ден времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд, и тоа особено во западните и во северните предели. Ќе има услови и за ретка појава на грмежи, а ќе дува и ЗАСИЛЕН ветер од јужен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 22 степени.
И во Скопскиот регион утре ќе се задржи променливо облачно со засилен ветер од јужен и од југоисточен правец. Ќе има услови и за повремен локален дожд со послаб интензитет, додека максималната температура ќе се искачи до околу 19 степени – вели метео прогнозерот Славчо Попоски.
Според Попоски за време на викендот ќе имаме постабилно и посончево време, додека во почетокот од следната недела во попладневните часови ќе има услови за локална нестабилност проследена со краткотраен пороен дожд и грмежи. Што се однесува до температурите, тие и понатаму ќе бележат тенденција на пораст, а особено топло ќе биде за Велигден кога максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 28 степени, додека во најтоплите предели истите се очекува да се искачат дури до околу 30 степени.