Православните верници во недела ќе го прослават најголемиот христијански празник Воскресение Христово – празник на победата на животот над см* тта. За разлика од православните Христијани, католиците Велигден го прославија минатата недела, со оглед на тоа дека се водиме според различни календари.
Христијаните генерално се водат според слични обичаи по повод празнувањето на најголемиот христијански празник.
Деновите пред Велигден се исполнети со покајување, прошка, пост и молитва.
Велики петок или уште нарекуван Распети петок е ден за духовно прочистување. На овој ден е распнат Исус Христос и поради тоа се смета за најтежок празник во годината. На Велики петок не се работи и се сочувствува со Божјиот Син. Многумина практикуваат строг пост, при што до зајдисонце не јадат ништо, а пијат само вода.
Во православните цркви на Велики петок се поставува специјално украсена маса, која е симбол на гро бот на Исус. На неа се изнесува Плаштаницата – покривка на која е претставен ликот на нашиот Спасител како лежи во гро бот.
На овој ден православните верници одат в црква со цвеќе и црвено јајце, кои ги оставаат на „гро бот“, ја бакнуваат Плаштаницата, а потоа се наведнуваат и поминуваат под неа молејќи се за здравје, мир и благосостојба.
Поминувањето под Плаштаницата ја симболизира см*тта и воскреснувањето на Христос. Се смета дека оној кој минува под неа влегува како грешник, а излегува како нов човек, прочистен од старите гревови.