Следува уште еден продолжен викенд

|

По продолжениот викенд за празник Велигден, следува уште еден.

Согласно Законот за празници неработен ден е 2 мај (понеделник), кога муслиманите го празнуваат празникот Рамазан Бајрам. Понеделникот е неработен и поради 1 мај, Денот на трудот, кој годинава се паѓа во недела.

Следен неработен ден во месец мај е 24 Мај, Денот на словенските просветители.