Среќниот додворувач на Цеца повеќе не е ист – Жените лудуваа по него, а сега никој не го препознава(ФОТО)

ИЗВОРНов Лист
|

Продавал патики, па завршил во спотот на Светлана Цеца Ражнатовиќ и станал најзгодниот дрвосечач во регионот по кој лудувале жените, но веќе не изгледа исто!

Песната на Цеца „Оди додека си млад“ и понатаму е голем хит кој се слуша насекаде, а згодниот дрвосечач без маица кој тогаш се најде во спотот за песната и освои многу женски срца.

Спотот е снимен во 1995 година, а моделот Ѓорѓе Дувњак тогаш имал само 23 години. Како што во една прилика откри Дејан Милиќевиќ, сосема случајно го пронашол.

„Отидов да купам патики, гледам дечко што ги продава и мислам дека би бил добар за спотот на Цеца. Во 1995 година, тоа беше тоа“, рече Миличевиќ.

На почетокот на 2000 година, Ѓорѓе Дувњак се преселил од Белград во Австралија, таму основал семејство и повеќе не се вратил во Србија. Денеска веројатно никој нема да го препознае, а Цеца во една прилика изјави дека не се сеќава кој е кога го видела.