Временска прогноза за продолжениот празничен викенд

|

Времето денеска ќе биде претежно сончево и топло со слаб до умерен ветер од променлив правец. Попладне во североисточните делови ќе има услови за краткотраен дожд. Максималната температура ќе биде во интервал од 21 до 28 степени.

Времето и метеоролошки параметри за Скопје: Сончево и топло, попладне со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец.
T= 27 °C, P= 978 hPa, U= 27 %, V= 2 m/s.
(Т- температура, P- притисок, U- релативна влажност, V- средна брзина на ветер)

Утре ќе се задржи сончево и топло време со слаб до умерен јужен ветер, а од четврток во попладневните часови ќе има локален пороен дожд и грмежи, најавуваат од Управата за хидрометеорлошки работи.

Ќе дува умерен на места засилен северен ветер. Услови за краткотраен локален дожд ќе има во петок и во деновите од продолжениот празничен викенд, а температурите позначително ќе опаднат.