Добар глас, далеку слушан: Легендарниот Меџик Џонсон ја копираше Констракта

ИЗВОРНов Лист
|

Победникот на пет прстени во НБА лигата очигледно е воодушевен од настапот и песната на Ана Ѓуриќ, српската претставничка на овогодинешниот избор за песна на Евровизија.

Ана Ѓуриќ, попозната како Констракта, го воодушеви целиот свет со песната „In corpore sano“, но и со настапот со кој победи на Беовизија и со тоа стана претставничка на Србија на овогодинешната евровизиска песна во Торино.

Дека добриот глас се слуша далеку, можеме да видиме на примерот од Америка, каде во една емисија гостуваше легендарниот американски кошаркар Меџик Џонсон, кој влезе во студиото имитирајќи ги движењата на рацете на Констракта.