Јелена Карлеуша напорно работи на новиот албум кој ќе биде круна на нејзината долга кариера. Меѓутоа, за да стане една од најголемите ѕвезди и да постигне кариера на која многумина би и позавиделе, Јелена морала да помине низ трнлив пат.
На тоа патување безусловна поддршка и ветер во грб и дала мајка ѝ Дивна Карлеуша, која позајмила пари за да може нејзината ќерка да си ги оствари соништата. Денеска, кога се одбележуваат 27 години од своето постоење на музичката сцена, Јелена се навраќа на своите почетоци, а нејзината објава ги насолзи очите на многу фанови.
– 27 години кариера. На денешен ден излезе албум за кој мајка ми позајми пари за да ми го исполни сонот. Таа веруваше и не погреши. Немав што да облечам за моите први ТВ настапи, немав ништо ниту за чорапи… но бев решена да летам и да успеам – напиша Јелена на „Инстаграм“ и откри дека секогаш знаела дека успехот некогаш ќе дојде.