На 25.04.2022 околу 15:00 часот во Полициската станица Чаир било пријавено дека настанал пожар во објект во изградба на улица „1555“ во с.Визбегово, скопско, сопственост на И.Ц.(49) од Скопје.
Со пожарот била зафатена и ограда на соседна фирма. Екипа на Противпожарната бригада Скопје го изгаснала пожарот.
Пов редени лица нема, а увид на место извршила екипа од Полициската станица Чаир.
Министерството за внатрешни работи (МВР), исто така соопшти дека полициски службенци од СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар ја пронашле 23-годишната П.А. од Штп.
Нејзиниот сопруг на 23 април ја пријавил за исчезната во Полициската станица Прилеп, а два дена подоцна околу 21.45 часот биле пронајдена.
Штипјанката била пронајдена на улицата „Гоце Делчев“ во Гостивар.