И Албанија ги укина сите мерки – влез без тест и сертификат

|

Албанскиот национален комитет за справување со панде*ијата, денеска донесе одлука, со која, од први мај се укинува обврската за поседување сертификат за им*низација или за прележана болест, како и за негативни ПЦР и антиген тестови за сите странски државјани при влез во државата.

Според Мира Ракацоли, претседателка на комитетот и заменик министерка за здравство, тоа со оглед на стабилната епиде*иолошка состојба, но и во интерес на туризмот.

-Почнувајќи од 1 мај, секој граѓанин што ќе влезе на нашите гранични премини не е обврзан да покаже ниту потврда за им*низација, ниту ПЦР тест. Заштитните маски веќе не се задолжителни ниту во затворени простории, но препорачуваме истите да се носат. Комитетот му препорачува на Министерството за внатрешни работи да се дозволи музика и по 23:00 часот во угостителските објекти, рече Ракацоли.

Со одлука на комитетот на втори март, по речиси две години, беше укинат полицискиот час, кој траеше од 23 до 6 часот, а една седмица подоцна и мерката за ограничено присуство на собири.

-Бројот на заразени со оваа болест е значително намален. Позитивноста е 3,8 отсто од бројот на тестираните и во моментов има 430 активни на болеста. На болнички третман се само петмина пациенти. Иако се укинати сите мерки, апелираме да продолжи им*низацијата на граѓаните. Досега 60,8 отсто од популација е им*низирана со две дози, рече таа.

Ракацоли најави дека во земјата ќе почне им*низација со четврта доза за лица постари од 60 години и оние кои имаат имунолошки заболувања или други пропратни заболувања.