Макпетрол: Снабдувањето со природен гас се одвива непречено и без никаков застој

|

Прекинот со снабдување на Бугарија со природен гас од Русија не е поврзано со снабдувањето со природен гас во Македонија, информираат од Макпетрол.

Од компанијата велат дека снабдувањето со природен гас на „Макпетрол“, а потоа и до крајните потрошувачи се одвива непречено и без никаков застој.

Руската енергетска компанија „Газпром“ соопшти дека целосна ја прекинала испораката на гас и за Бугарија и за Полска, откако двете земји одбија да почнат да плаќаат во рубли, јави Би-би-си.

Претходно, и од двете држави соопштија дека добиле официјални известувања од рускиот снабдувач на гас дека испораките ќе прекинат.

Најавата на „Газпром“, пишува Би-си-си, доаѓа по конфузијата која настана рано утринава кога информациите говореа дека испораката на гас до Полска преку Белорусија привремено е прекината, а потоа истата продолжила.

Бугарскиот министер за енергетика Александар Николов, пак, како што пренесуваат бугарските медиуми, утрово изјави дека се проверува дали има вистински прекин на испораката на руски гас и рече дека повеќе информации ќе соопшти по состанокот во Владата.