Што ве чека во љубовта во текот на најпролетниот и најубавиот месец?
Ќе ви откриеме кои хороскопски знаци имаат најголеми шанси за флертување и можност за нова љубов.
За некои, можеби мај е месец на флертување, за други месец за зацврстување на старата љубов, а за трети личности месец мај е можеби почеток на љубов којашто ќе заврши со брак.
Јарец
Месецот ќе биде повеќе од возбудлив на љубовниот хоризонт. Ве чека нова средба со стар познаник, кој ќе запали неочекувани искри и ќе доведе до повеќе од невино флертување.
Водолија
Ќе уживате во целосна хармонија во љубовта. Оние што се во врска ќе сфатат дека се подготвени за следниот голем чекор, а слободните Водолии ќе ја најдат личноста за чија љубов вреди да се борат.
Лав
Овој месец за Лавовите ќе биде доста емотивен и ќе го запомните како месец со пријатни љубовни емоции и изненадувања. Ќе запознаете личност која постојано ќе биде во центарот на вашето внимание и ќе бидете на седмо небо.