ЕВН најави исклучување: Без струја денеска четири скопски општини

|

Од „ЕВН Македонија“ АД информираат дека, поради планирани прекини во дистрибутивниот систем за електрична енергија, денеска без напојување ќе останат:

– во периодот од 8.30 до 15 часот дел од корисниците од улиците Kичевска, Воин Драшковиќ, Злате Михајловски, Ибе Паликуќа, Манчу Матак и објектите на „Фармахем“ (општина Карпош);

– во периодот од 9 до 15 часот дел од корисниците од улицата Славчо Стојменски (општина Кисела Вода);

– во периодот од 10 до 14 часот дел од корисниците од улицата 16 (општина Сопиште);

– во периодот од 11 до 13 часот градинката „Срничка“ (општина Аеродром).