Ким призна која фотографија ја фотошопирала: „Не сакав се да ми уништи“

ИЗВОРНов Лист
|

Ким Кардашијан се осврна на обвинувањето за фотошоп на Инстаграм и негираше дека го фотошопирала стомакот во една од последните објави како и дека го фотошопирала лицето на нејзиното момче Пит Дејвидсон. Сепак, таа реши да признае која фотографија од својот Инстаграм навистина ја фотошопирала.

Станува збор за фотографија од нејзината ќерка Чикаго Вест и внуката Тру Томпсон, ќерка на нејзината сестра Клои. Фотографијата е направена во Дизниленд, а следбениците веднаш забележале дека Тру изгледа како вештачки да е вметната во фотографијата. Ким сега призна дека навистина го сторила тоа и дека нејзината втора внука Сторми, првично била на фотографијата.

„Во ред, имам фотошоп признание кога сме тука. За ова ќе треба сериозно објаснување. Значи, знаете дека естетиката ми е многу важна. Во мојот Инстаграм во последно време доминира сината и розовата боја. Тоа е внимателно испланирано и навистина е слатко, нели?” почна таа.

“Оригиналната фотографија е Сторми. Ја прашав Кајли дали можам да ги објавам, но таа рече дека тоа не е баш за објавување во тоа време и јас го почитував тоа. Но, не сакав да ми го зафрли профилот на Инстаграм и бидејќи Чи носеше розево би било совршено.