Маслото за јадење од штипски „Брилијант“ со нова цена – еве по која цена се продава

|

Маслото за јадење од штипски „Брилијант“ е со нова цена на рафтовите. Едно шише во продавниците се продава по 135 денари и со оваа цена се изедначи со цената на останатите македонски производители на зејтин.

Коста Ташков директор на фабриката „Брилијант“, која е дел од компанијата „Витаминка“ вели дека новата цена е резултат на покачувањето на суровината.

Новото сурово масло, кое е набавено од Бугарија, Романија и Украина е со цена од околу 2.200 евра за еден тон, а пред три до два месеца суровото масло на светските берзи се движело од 1.200 до 1.500 евра за тон.

Прашан дали ќе има нови зголемувања на цената на маслото за јадење, Ташков со одговор дека тоа се ќе зависи од цената на светската берза. Смета дека во моментов кризата со зејтинот се смирува, поради увозот од соседна Србија.

Апелира граѓаните да не прават залихи во своите домови, инаку според анализите македонските граѓани месечно трошат околу два и пол милиони шишиња.