Пејачката Весна Змијанац своевремено важеше за една од најубавите жени во поранешна Југославија.
Зад неа воздивнуваа бројни мажи и таа ги помести сите граници.
Настапите на Весна и денес се многу популарни, а таа на Инстаграм уште еднаш покажа дека е многу среќна и дека нема комплекси.
Имено, таа објави фотографија на која нема ни трошка шминка и со тоа докажа дека нема желба како и многу нејзини колешки по секоја цена да ја зачува младоста.
„Моето јаболко во цут, Будимка“, напиша таа покрај фотографијата од овоштарникот и воодушеви многумина со својата природност.