Ќе следат нови макроекономски мерки за стабилноста на денарот

|

Цените растат, инфлацијата притиска, одговорноста на Народната банка да го зачува стабилен курсот на денарот е голема. Се кројат нови макроекономски политики, каматните стапки најверојатно повторно ќе се зголемат. Новите чекори на Централната банка ќе се знаат наредниот месец, но гувернерката Бежоска во ова кризно време бара и Владата преку фискалните политики кои ги спроведува – да биде одговорна.

– Ова е шок на кој треба да се реагира, но просторот на Народната банка е ограничен. Затоа го почнавме циклусот на зголемување на каматните стапки, а во тек се и нови макроеконосмки проекции и врз основа на нив, следниот месец ќе ги кажеме. Тогаш ќе видиме со какви мерки ќе реагираме, изјави Анита Анѓеловска Бежоска.

Веќе се намалени прогнозите за раст на економијата на 3,2%. Буџетскиот дефицит расте, недостасуваат пари за да се сервисираат тековните обврски, кои надминаа милијарда евра. Затоа земјавата бара нов аранжман со ММФ вреден 900 милиони евра, но и кредиот од Европската Комисија. Тим од Фондот се во земјава. Наредната недела ќе соопштат колку пари ќе ни дадат. За останатите, Брисел вели дека се расположени да помогнат.

Пред две години Европската Комисија ни одобри 160 милиони евра за полесно справување со предизвиците од болеста. Сега имаат спремен пакет од 4 милијарди евра за земјите члени на Унијата, но и за Западниот Балкан, вклучувајќи ја и Македонија.