Штрајкот се става во мирување: Од утре продолжува наставата

|

Синдикатот за образование, наука и култура го става штрајкот во мирување, а учениците почнуваат со настава најверојатно од утре. Причина за ваквата одлука на СОНК е добиеното известување од Министерството за труд и социјална политика за мирно решевање на работните спорови.

Претседателот на СОНК, Јаким Неделков попладнево изјави дека по направените консултации со правни лица, донесена е одлука да се стави штрајкот во мирување додека трае решавањето на спорот.

Доколку не се договориме повторно ќе го активираме штрајкот-се закани Неделов.

Изрази надеж дека платите ќе бидат зголемени, дневниците за време на штрајкот нема да бидат скратени и дека колективните договори ќе бидат потпишани и утврдени со рокови.