СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРОГНОЗИРА: Пороен дожд и нестабилност за време на празничните денови

|

Како што најавивме, во следните денови, вклучувајќи го и продолжениот празничен викенд времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд. Локално ќе има услови и за развој на нестабилност, проследена со пороен дожд и грмежи, а ќе дува и слаб до умерен ветер од променлив правец.

Што се однесува до температурите, тие ќе бележат тенденција на опаѓање, и тоа особено за време на продолжениот празничен викенд кога ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 21 степен.

И во Скопскиот регион во следните денови времето ќе биде променливо облачно, а за време на продолжениот празничен викенд ќе има услови и за појава на повремен локален дожд. Ќе дува и слаб до умерен ветер од променлив правец, додека температурите ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 20 и 23 степени, прогнозира нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.