|
За Први Мај традиционално се прави скара, се ужива и се одмара од работните обврски.
За вашата скара да биде совршено испечена, вкусна и сочна, има неколку постапки и трикови до кои треба да се придржувате.
Месото не смее да биде тукушто извадено од ладилник, зошто така ќе остане ладно внатре и нема убаво да се испече, туку треба подолго да отстои на собна температура за да биде совршено печено и надвор и вантре.
Исто така, може да му ставите маринада и од вечерта, на пример маслиново масло и зачини, сол, бибер, оригано, лук во прав…за да впие супер арома.
Уживајте во празничниот ден