Меркур влегува во ретрограден период секои три до четири месеци, а во наредниов период тоа ќе се случи на 10 мај и ќе трае сé до 3 јуни. Меркур за тоа време ќе биде ретрограден во знаците Близнаци и Бик. Додека е во Близнаци, можете да очекувате дека ќе се појават проблеми во комуникацијата, караници на работа, со саканите… Додека е во Бик, ретроградниот Меркур ќе влијае врз материјалните работи, на приходите и расходите, но и на сликата што ја имаме за себе и на нашата самодоверба.
Што нé очекува за време на ретроградниот Меркур?
Нарушени планови – Времето и ретроградниот Меркур не одат заедно – за време на неговото траење, многу планови ќе бидат откажани, некои дури и во последен момент. Лесно може да се случи да заборавите на некој важен состанок или лошо да се организирате, па да не стигнете. Во овој период, распоредот нема да ви биде од голема корист, а можете да очекувате и хаос во сообраќајот.
Проблеми во комуникацијата – Меркур управува со комуникацијата, па кога е ретрограден, постои голема веројатност да дојде до недоразбирања, лошо да ги протолкуваме информациите од другите, па дури и да кажеме нешто што не го мислиме. Размислете пред да кажете нешто и мудро одбирајте ги зборовите. Добро размислете пред да испратите порака.
Одбегнувајте започнување нови проекти и потпишување договори – Не е препорачливо да потпишувате договори, да донесувате важни одлуки, да купувате или да започнувате нови проекти за време на ретроградниот период на Меркур. Постојат големи шанси дека ќе пропуштите некои важни детали, дека ќе се збуните и дека ќе донесете лоша, импулсивна одлука поради која подоцна ќе зажалите. Обидете се да ги одложите сите големи нови подвизи или договори додека не заврши ретроградноста.
Направете резервен фолдер – Бидејќи Меркур управува со информациите, чувајте ги вашите документи и податоци – може да се случи да ви се расипе компјутерот или телефонот. Најдобриот совет е да направите резервни копии на сите ваши датотеки.
Што ќе биде добро за време на овој период?
Ретроградниот Меркур не е сам по себе лоша работа – ако знаете што да очекувате и преземете соодветни мерки на претпазливост, можете да го искористите за да видите каде сте, до каде сте стигнале и во кој правец одите. Вложете дополнителен напор да забавите, да размислите за сé. Интроспекцијата секогаш е добра.