Заврши љубовта на најпознатата турска двојка: Ѕвездите од серијата „Немирно лето“ повеќе не се заедно

|

Ханде Ерчел и Керем Бурсин, ѕвездите од серијата „Немирно лето“ важеа за најубав пар во Турција и нацијата едноставно ги обожуваше. Тие долго време ја криеја романсата, а потоа, по само неколку месеци откако ја обелоденија врската, ненадејно заврши и нивната голема љубов.

Турците останаа разочарани, особено оние кои не пропуштаа ни епизода од хит серијата.

Турските медиуми јавија дека главен виновник за нивната разделба наводно било новото момче на шармантната актерка. Во прашање е нејзиниот колега Кан Џилдирим заради кој актерката што ја засакавме како Еда Џилдиз му раскина на омилениот лик Серкан Болат.

с

Серијата со која Ханде и нејзиното поранешно момче се прославија беше продадена во 45 земји.