Јапонска диета за жени: Слабеете 5 килограми за 7 денови

|

Оваа јапонска диета моментално е една од најбараните во Светот.

Јапонската утринска диета е креација на Сумико и Хитоши Ватанабе, кои имаат искуство во фармацевтско и медицинско образование. Сосема случајно наишле на ниетата, а откако ја објавиле станала многу популарна во Светот. Мени на јапонската диета:

Прв ден – Ручек: Супа од зеленчук, салата од зелка. Вечера: 100 грама бело пилешко, салата по желба.

Втор ден – Ручек: Спанаќ со ориз, салата. Вечера: 100 грама лосос или која било друга риба, парче интегрален леб, салата.

Трет ден – Ручек: 50 грама тестенини со сос од домати, салата од свежа репка. Вечера: 70гр говедско месо на скара, парче интегрален леб, салата

Четврти ден – Ручек: Задушен зеленчук, салата од домати. Вечера: Пилешки батак без кожа, салата по избор.

Петти ден – Ручек: Риба супа и салата по избор. Вечера: 100 грама мисиркино месо и зелена салата.

Шести ден – Ручек: Супа од зеленчук, салата од свежи краставици. Вечера: Пилешко или мисирка на скара, салата.

Седми ден – Ручек: Динстани печурки со ориз. Вечера: Зеленчук на скара и салата од домати.

Пред да започнете со оваа диета, задолжително консултирајте се со лекар.