Колку е поголем коефициентот на интелигенција, толку помалку луѓето се загрижени за секојдневните работи…
Високо интелигентните луѓе често имаат поинаков поглед на светот од луѓето со просечна интелигенција.
Научниците потврдија дека колку е поголем коефициентот на интелигенција, толку помалку луѓето се загрижени за секојдневните работи со кои многу луѓе се занимаваат, како уредноста, пристојниот говор и легнувањето.
Пц*јат како кочијаши – Иако нивната интелигенција добро им служи да проценат кога да почнат да пц*јат, тие дефинитивно можат многу да п*ујат. Вообичаена предрасуда кога некој многу п*уе е дека не е доволно интелигентен за да одржува пристојна комуникација.
Сепак, една неодамнешна студија покажува дека пц*ењето е поврзано со елоквентност и богат речник. Кажувањето пцовки зависи од елоквентноста и вокабуларот – кои без сомнение ги поседуваат високоинтелигентните луѓе.
Тие се ноќни птици – Интелигентните луѓе природно не можат да си легнуваат рано. Колку е поголем коефициентот на интелигенција на една личност, толку е поголема навиката за доцно легнување.
Децата со коефициент на интелигенција помал од 75 имаат навика да си легнуваат околу 23 часот и 41 минути за време на викендите во раното детство, а децата со коефициент на интелигенција поголем од 125 си легнуваат околу 12:29 часот.
Живеат во нивниот организиран хаос – Излегува дека креативните луѓе имаат неуредни маси и ако ја ставите личноста во неуредна средина тие ќе смислат покреативни идеи.
Следниот пат кога ќе видите интелигентна личност, слободно замислете ја како пцујат доцна навечер на нивната неуредна маса додека работат на нови креативни идеи.