Општините во обид високите трошоци за струја, да ги префрлат на товар на граѓаните. Општина Битола веќе на големо работи на овој проблем. За да ги намали трошоците за струја, уличното осветлување го префрла на јавно претпријатие, кое пак струјата ја добива по многу пониска цена од онаа на отвориен пазар. Извори за Телма велат дека и другите општини добиле препорака од ЗЕЛС на ваков начин да ги скратат трошоците за струја. Сепак, надлежните предупредија дека со ваквото однесување на општините, ќе бидат значително оштетени домаќинствата.
ПРАВАТ ЈАВНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА КАДЕ СОПСТВЕНОСТА НА ЈАВНОТО ОСВЕТЛУВАЊЕ И ДРУГИ ОБЈЕКТИ ОД СЛОБОДЕН ПАЗАР ГИ ПРЕФРЛААТ НА РЕГУЛИРАН. ОВА ЗНАЧИ ДЕКА ОД ЈАНУАРИ ДО ЈУНИ ОПШТНИТЕ САКААТ ДА НАПРАВАТ ВЕШТАЧКИ ПРОБЛЕМ ВО ДЕЛОТ НА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЦЕНАТА КОЈА ЌЕ БИДЕ НА ТОВАР НА ДОМАЌИНСТВАТА КОИ СЕ НА РЕГУЛИРАН ПАЗАР, НО НИЕ ТОА НЕМА ДА ДОЗВОЛИМЕ ДА СЕ СЛУЧИ, РЕЧЕ МИНИСТЕРОТ ЗА ЕКОНОМИЈА, КРЕШНИК БЕКТЕШИ
Од општина Битола пак тврдат дека нивните сметки за струја се зголемени за 5 до 6 пати во споредба со лани и се принудени да бараат алтернативи.
ЗА ДА ГО РЕШИМЕ ОВА, РАБОТИМЕ НА АЛТЕРНАТИВНО РЕШЕНИЕ СО ЈП ЖАБЕНИ СО КОЕ СЕ ОВОЗМОЖУВА НАМАЛУВАЊЕ НА ТРОШОЦИТЕ ЗА ЈАВНО ОСВЕТЛУВАЊЕ ЗА 20 МИЛИОНИ ДЕНАРИ, ВЕЛИ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БИТОЛА, ТОНИ КОЊАНОВСКИ.
Со одлука на советот во Општина Битола сопстевноста уличното осветлување се префрлаат на ЈП Жабени, кое пак струја добива од Универзален снабдувач. Но, од ЕВН велат дека до нив се уште не е пристигнато барање за ваква промена.
Поради високите сметки за струја , дел од општините во обид да заштедат ги оставија жителите без улично осветлување. Градоначалникот на Карпош , Јакимовски посочи , ако сакаат осветлување жителите наместо 150 ќе треба да плаќаат по 500 денари.
Во изминатиот период општините , јавни претпријатија, фирми се соочија со проблеми со струја. Поради значителниот раст на цената кој се случи уште лани, нивните снабдувачи ги раскинаа договорите и многу претпријатија и Општини се префрлија на Универзален снадбувач од каде струја добиваат домаќинствата.
Ирена Чачкова