Судот досуди 10 илјади евра казна за охридски пчелар – неговите пчели каснале охриѓанец

|

10 илјади евра оштета ќе треба да плати пчеларот од охридското село Долно Коњско, бидејќи неговите пчели пред осум години каснале охриѓанец. Ова е одлуката на Битолскиот апелационен суд за пчеларот Лазе Грозданов на кој Охридскиот суд претходно му пресуди 15.000 евра.

После жалбата на обвинетиот судот во Битола само ја намали паричната казна. Пчеларот Грозданов и по пресудата вели дека не чувствува апсолутно никаква вина.

„,Мојата совест е чиста но она што го поминавме со семејството изминативе осум години е вистински пекол.” раскажува Грозданов.

Тој е обвинет дека во 2014та година предизвикал општа опасност така што правувал со возило натоварено со сандаци пчели кои не биле добро затворени, па од нив излегол рој кој го нападнале оштетениот во присуство на неговата сопруга и малолетно дете.

И пчеларите кои застануваат во поддршка на Грозданов тврдат дека не постои никаква шанса при транспорт рој пчели да излезат од сандаците и да нападнат човек. Ова е директен атак врз сите нас велат тие.

Судот пак смета дека од каснувањето на пчелите тужителот се здобил со тешка алергиска реакција и доживеал страв како за себе така и за неговото дете и сопруга. Инаку поддршка за обвинетиот пчелар даваат сите пчеларски здруженија од земјава.