Без оглед на тоа дали сте вистински мајстор за скара или тоа го правите механички, советите кои ви ги пренесуваме сосема сигурно ќе ви помогнат следниот пат сите кои ќе го пробаат вашето вкусно печено месо, да ве пофалат.
На месото ставете коцка мраз
Ако го јадете ова за појадок, можете да ослабете 14 кг
Се прашувате зошто некој би ставал мраз на месото додека тоа се пржи? Одговорот е сосема едноставен – да не се пресуши. Обликувајте ги плескавиците, а потоа ставете мала коцка мраз во средината. Таа месото ќе го држи влажно и ќе го чува да не се пресуши. Овој прекрасен трик на социјалните мрежи го споделил еден познат светски готвач.
Скарата исчистете ја со парче кромид
Кромидот е природно дезинфекциско средство – ставете половина глава кромид на вилушка и со неа добро премачкајте ги решетките за скара. Ако печете скара на дрво, кромидот едноставно на крајот ставете го внатре.
Иситнете свеж рузмарин
Со него посипете го месото. Не само што супер изгледа туку дава и одличен вкус и мирис на месото и зеленчукот. За скарата не користете суви растителни зачини затоа што тие го сушат месото.
Под плодовите мора да ставите кришки лимон
Секако, лимонот најдобро оди со риба, но тој оди и со морски плодови. Едноставно исечкајте го на кругови и ставете под рибата или морските плодови доколку ги приготвувате на скара, нема да се заплепи, а вкусот ќе биде одличен.
Скарата одржувајте ја на две температури
Најважно правило за скарата е ништо што печете во него да не загори. Едната страна од скарата држете ја топла, за она што треба да се испече, а другата стоплена да можете да ја држите храната да не се лади, но внимавајте да не стои долго за да месото не се пресуши, на крајот сето тоа да не го уништите.
Совет плус
Кога печете свинско, пред да биде готово, во тенџерето исечете кромид и месото ставете го внатре (ова важи за оние кои со скарата сакаат кромид).