Тест кој открива за која работа сте родени

|

Некои луѓе уште од мали нозе знаат со што точно сакаат да се занимаваат во животот. Меѓутоа за многу луѓе тоа прашање останува нерешена загатка многу долг период па дури и цел живот

Земете лист и пенкало и со помош на следните три чекори утврдете со што сакате да се занимавате до крајот на животот.

Прв чекор: Направете листа од работи кои сакате да ги работите. Фокусирајте се на активностите и интеракцијата која ви прилега, а избегнувајте ги оние во кои сте добри бидејќи долго време сте ги работеле.

Втор чекор: Направете листа од работи кои не сакате да ги работите. Клучот е да бидете искрени. На врвот на листата ставете го она што најмалку сакате да го работите.

Земете ја листата со работи кои сакате да ги работите и поставете си ги овие шест прашања:

1. Дури и да не сте платени за таа работа, дали би ја работеле?

2. Дали вашата работа би ве инспирирала секој ден?

3. Дали обавувањето на таа работа ви делува природно како и дишењето?

4. Дали мислите дека имате специјална дарба за обавување на таа работа?

5. Дали времето брзо ви поминува кога ја работите таа работа?

6. Дали можете да заработите нешто од таа работа?

Доколку секој од шесте одговори е негативен, прешкртајте ја таа работа и преминете на следната.

Кога ќе ја пронајдете работата за која на сите шест прашања можете да одговорите со „ДА“, проверете дали таа се совпаѓа со некоја од работите од листата со работи кои не сакате да ги работите.

Доколку се совпаѓа само со една или две работи од листата, заокружете ја таа работа и продолжете да ги проверувате и останатите.

Кога ќе пронајдете неколку работи кои ви одговараат, споредете ги и изберете ја онаа во која чувствувате дека најдобро ќе се снајдете, најбрзо ќе напредувате, и онаа која ќе ви донесе солидна заработка.