Како што најавивме, за време на продолжениот пранзничен викенд времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, и истите локално и повремено ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ. На некои места ќе има услови за развој на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот.
Што се однесува до температурите, тие ќе бележат тенденција на опаѓање уште за неколку степени и максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 22 степени.
И во Скопскиот регион за време на продолжениот празничен викенд времето ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд и услови за локална појава на грмежи.
Температурите ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 19 и 21 степен – вели метео прогнозерот Славчо Попоски.