Дома им е скапо – На истокот на Србија пазарат Бугарите

|

Бугарските граѓани пазарат на истокот на Србија во Пирот и Димитровград.

Робата за нив е многу поевтина откоку дома а згора на се има и повеќе од доволно на полиците во супермаркетите и продавниците. Кај некои пазарџии во Пирот и Димитровград, граѓаните на Бугарија се познати како најдобри муштерии, а во супермаркетите велат дека најмногу ги има за викенди.

Купуваат млеко и млечни производи, прашок за перење, салама, пакување шеќер, зејтин, брашно и велат дека во Бугарија цените се двојно повисоки.