Околу 1.000 текстилни работници од седум компании од источниот регион пријавиле во „Гласен Текстилец“ дека им е исплатена плата под минималната. На нивните сметки се исплатени 16.000 или 17.000 денари. Ова е првична бројка, а пријавите се собрани за само пет дена. Кристина Ампева вели дека имаат и случај на 970 работници кои добиле минимална плата од 18.000 денари, но не им се исплатени додатоците. Забележа дека заради владините субвенции за минималецот во одредени фирми и супер маркети платите им задоцниле на работниците. Ампева се чуди како низ системот на државните институции поминува да се исплати под минималец и тоа за редовно работење.
Порача дека пријавите да не се за редовно работење не би ги спомнала, а веќе се и информирани и странските брендови, како и дали знаат дека мартовската плата за разботниците треба да е минимум 18.000 денари. Од Управата за јавни приходи за Телма велат дека во моментов се прават анализите и колку македонски фирми исплатители плата под минималната на работниците, за што дополнително ќе ја информираат јавност.
Зголемувањето на минималната плата сепак не ги полни фабричките хали. Нарачките од странските партнери се зголемени поради тоа што заминуваат од Украина, а работници недостасуваат.
Ампева и од Гласен Текстилец остануваат на ставот дека со минималната плата требаше да се следи нивниот предлог, кој беше по примерот на Црна Гора, каде минималецот е 450 евра.
Викторија Димитрова Јованова