Првиот ден од месец мај нè очекува променливо облачно и посвежо време, со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат поројни и пообилни, проследени со појава на грмежи и засилен ветер. Утринската температура ќе биде во интервал од 4 до 12°C, а дневната помеѓу 13 и 18°C.
НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ за изминатите 24 часа до 8 часот (во л/м2)
13 Дојран, 8 Крива Паланка, Виница, 5 Штип, 4 Гевгелија, 3 Прилеп.
МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ (во 0С измерени денеска)
3 Попова Шапка, 5 Лазарополе, 6 Маврово, 7 Крушево, 8 Крива Паланка, Берово, 9 Претор, 10 Прилеп, Штип, Виница, 11 Охрид, Битола, Тетово, 12 Скопје-Зајчев Рид, Куманово, Демир Капија, Дојран, 13 Струмица, Гевгелија
Деталите во Телма МЕТЕО со Елена Манојловски, во соработка со УХМР!