Саша Матиќ никогаш не снимил дует со брат му Дејан, а сега ја откри причината за тоа

|

Српската ѕвезда Саша Матиќ конечно откри зошто се уште немало дует меѓу него и неговиот брат Дејан Матиќ. За време на панд*мијата, Саша Матиќ напорно работеше на новиот албум кој го објави пред неколку месеци.

Имено, како што рече, имал доволно време додека не настапува за да избере песни кои ќе му одговараат. Тоа што на многумина отсекогаш им било чудно е зошто неговиот брат Дејан и тој никогаш не снимиле дует, а се зборувало дека можеби се во кавга.

Сега Саша ја реши таа мистерија.

–  Единствената причина поради која немам дует со брат ми е што не се најде соодветна песна. Сето тоа е нешто понудено што е веќе слушнато и видено и бараме нешто посвежо, изјави Саша.

Тој додаде дека не станува збор за наводна кавга или нетрпеливост.

Како што вели, не му е важно со кој колега би снимил дует, туку она што секогаш го спречува е изборот на вистинската песна.