Укинати се сите мерки за заштита од болеста, освен носењето маски во здравствени установи, аптеки и домови за возрасни и лица со попреченост, одлучи Владата на денешната 42 седница по предлог на Главниот координативен кризен штаб.
Со заклучок од седницата, Владата одново препорачува почитување и практикување на основните превентивни мерки за заштита од болеста, како што се негрупирање и одржување физичка дистанца, носење заштитни маски на јавни места, посебно во затворен простор кога нема можност за физичка дистанца, како и редовна лична хигиена, проветрување на затворените простории и самоизолација во домашни услови при симптоми на заболувања на респираторниот систем.
Владата им препорача на здравствените домови да ја интензивираат теренската им*низација на возрасните лица над 80 години поради нискиот опфат со им*низација на оваа старосна група, како и да продолжи истата меѓу здравствените работници.