Најлошите датуми во мај: Oвие 6 дена треба да се пазите од негативни настани

|

Астролозите истакнуваат дека овој месец ќе биде одбележан со конфликти, недоразбирања, недоверба и измами, бидејќи планетите ќе бидат во многу неповолна положба.

Како најопасни мајски денови тие ги истакнаа:

10 мај – Почнува ретроградниот Меркур

На овој ден треба да бидеме особено внимателни во односот со луѓето на кои им веруваме. Ретроградното движење на планетата ќе трае до 3 јуни, но најголемата опасност ќе ја донесе дури на самиот почеток.

16 мај – Целосно затемнување на Месечината

Првото затемнување на Месечината во 2022 година е во знакот на Шкорпија. Месечината речиси целосно ќе замине во сенката на Земјата, а први на удар ќе бидат врските и пријателствата. Пронаоѓањето заеднички јазик со саканите ќе изгледа како нерешлива задача. Астролозите советуваат да бидеме внимателни со љубомората и зависта.

18 мај – спој на Марс и Нептун

Марс ќе не направи алчни и бескомпромисни, а Нептун ќе не поттикне да изневеруваме. Внимавајте луѓето на кои им верувате да не ве измамат и бидете исклучително внимателни со парите.

21 мај – денот на спојување на Сонцето и Меркур

Ова ќе биде внатрешната врска на Меркур Сонцето. На овој ден сите неодговорни и несериозни се соочуваат со големи неволји.

23 мај – Меркур влегува во Бик

Оваа транзиција ќе се случи во екот на ретроградното движење на планетата. До 12 јуни, астролозите силно препорачуваат да не ризикувате. На овој ден, подобро е да не започнувате нов бизнис и да не потпишувате документи. Планетата ќе изгуби најголем дел од својата позитивна енергија, па можни се промени во плановите и помали неволји во сите области од животот.

29 мај – Марс во врска со Јупитер

Марс и Јупитер ќе се сретнат во Овен. Оваа врска ќе биде исклучително опасна за областите на комуникација и работа. Марс ќе не направи премногу наметливи и бескомпромисни, а Јупитер ќе натера многумина од нас да се обидат да ги искористат предностите на другите. Конфликтите се речиси сигурни, затоа бидете многу внимателни со зборови и дела.