Српската водителка Јелена Јеремиќ е постојано во центарот на вниманието, но не толку поради својата професионална кариера, туку поради своите изјави за животот, врските и љубовта. Овој пат медиумите во Србија ја фатија во недозволена љубов.
Таа заедно со композиторот Александар Милиќ – Мили деновиве се најде среде скандал откако се дознало дена композиторот и испратил ризична порака на водителката а сето тоа се прикажало на телевизија.
Скандалот е откриен за време на утринската програма која Јована ја води, додека бил фотографиран нејзиниот телефон.
Мили и неговата сопруга Нина со години важат за еден од најхармоничните парови на српската естрада, меѓутоа по пораката која исплива во јавноста, нивниот брак веќе е загрозен.
– А може и спа ако ти е до опуштаање… Многу нудам, стоело во пораката а набрзо следеле коментари на социјалните мрежи во кои јавноста ги осуди и двајцата.
Јеремиќ веднаш ги демантираше овие гласини:
– Сакам да ги демантирам наводите, јас немам никаква врска со Мили од Гранд, ниту некогаш сме се сретнале. Луѓето кои ги имам во блиското опкружување се напишани според емоции какви во мене будат, а не по име и презиме.
Јована Јеремиќ е позната по тоа дека додека ја води емисијата повеќе од 30 пати повторува како таа никогаш не би влегла во врска со зафатен човек, и дека сака да биде една во нечиј живот.