Цената на барел нафта достигна ново загрижувачко ниво

|

Растот на цената на нафтата денеска забрза надминувајќи го нивото од 111 долари за барел откога медиумите објавија дека нафтената групација ОПЕК + одлучила скромно да го зголеми производството во јуни, и откога Европската Унија во средата претстави план за ембарго на увозот на руската нафта.

Европската нафта „брент“ порасна 0,88 отсто, на 111,1 долари за барел, на тргувањето во Лондон во 17.05 часот по наше време, а цената на американската нафта WTI порасна 0,58 отсто, на 108,4 долари за барел, според податоците на порталот oilprice.com, кој го следи движењето на цените во реално време.

Групата ОПЕК +, составена од Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и нејзините сојузници предводени од Русија, денеска се договори за скромно месечно зголемување на производството од 432.000 барели дневно во јуни, објави „Ројтерс“.