Астролошка прогноза до 28 мај: Што ќе ни донесе магичната Венера во Овен?

|

Според астролозите, овој месец нè очекува нов почеток во поглед на љубовниот живот, но и во поглед на финансиите!

Астролошка прогноза до 28 мај: Што ќе ни донесе магичната Венера во Овен?

Венера ќе остане во знакот Овен сè до 28 мај и ќе ги промени нашите приоритети при што на прво место ќе ја стави љубовта.

Преку нејзината енергија ќе посакаме да започнеме нешто ново и да внесеме повеќе возбуда во нашите односи. Сè ќе се одвива брзо и спонтано. Со помислата дека немаме време за одолговлекување, јасно ќе ги формулираме нашите цели и желби.

Оваа Венера ќе биде нетрпелива, одлучна и незаинтересирана за долго заведување. Според тоа, можеме да очекуваме јасни и директни понуди. Нема да има потреба да читаме меѓу редови бидејќи она што ќе го видиме и слушнеме ќе биде вистина.

Под влијанието на енергијата на Венера, страста лесно гори, брзо расте емоционалниот набој, но брзо се губи и интересот. Единственото нешто што ќе биде важно е да не се чувствуваме здодевно.

Освен тоа, „ловот“ честопати е повозбудлив од остварувањето на целта.

Според астролозите, во овој период нè очекува нов почеток и во поглед на финансиските прашања како и свеста за тоа кои се нашите вистински вредности.

Не заборавајте дека храброста, одлучноста и самодовербата се клучните елементи за она што сакате да го постигнете.

Сега е време за акција, а дали сте го направиле или не вистинскиот избор, ќе откриете на 28 мај кога Венера ќе премине во знакот Бик.