|
Цените на нафтата се искачија на 113 долари на меѓународните пазари, бидејќи загриженоста за глобалниот економски раст е засенета од најавените санкции на ЕУ за руската нафта, кои дополнително би можеле да ги ограничат и онака тесните резерви.
На лондонскиот пазар цената на барелот порасна за 1,75 долари во однос на претходното затворање, на 112,65 долари. На американскиот пазар со барел се тргуваше за 1,57 долари повисоко, по 109,83 долари.
Растот на цените беше поттикнат оваа недела од предлогот на ЕУ постепено да се укине увозот на руска нафта и нафтени деривати во следните шест месеци и да се забрани транспортот и осигурувањето на транспортот на руската нафта.